Трамп со јасна порака: Времето истекува за Иран

Од:

Прекинот на огнот во конфликтот меѓу САД и Иран е привремено продолжен, но иднината на примирјето останува неизвесна. Според американски медиуми, претседателот Доналд Трамп наводно му дал на Техеран само неколку дена за да предложи решение за деескалација и можен крај на судирот.

Извештаи објавени од Аксиос и Фокс њуз, повикувајќи се на извори од Белата куќа, наведуваат дека Трамп бил подготвен да го продолжи примирјето за уште три до пет дена. Во тој период, Иран би требало да се согласи околу заеднички предлог за смирување на тензиите.

Сепак, од Белата куќа нема официјална потврда за конкретен рок. Трамп во интервју изјави дека „нема временска рамка“ и дека неговата администрација е фокусирана на постигнување поволен исход, а не на брзо решение.

Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати сигнал дека Техеран е отворен за дијалог, но предупреди дека санкциите, заканите и блокадите претставуваат сериозна пречка за напредок на преговорите.

И покрај ваквите пораки, иранската агенција Тасним објави дека во моментов нема конкретни планови за директни мировни разговори со САД. Дополнително, тензиите се зголемија по нападите врз товарни бродови во Ормутскиот теснец – клучна рута преку која поминува околу 20 проценти од светската трговија со нафта.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека трајно примирје е можно само доколку се укине американската блокада.

Последните обиди за посредување, вклучително и оние со поддршка на Пакистан, не дадоа резултат, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорениот прекин на огнот. Ситуацијата на терен останува напната, додека дипломатските напори продолжуваат.

Би можело да ве интересира

САД: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е на неопределено време

Порака од Иран до Трам: „Ќе го натераме агресорот кој ги крши правилата да се покае за своите постапки“

Кац: Чекаме одобрение од Трамп за атентат врз Моџтаба Хамнеи

Кац: Следува смртоносен, разорен напад врз Иран

„Волстрит џурнал“: Иран постави услови за продолжување на преговорите со САД

Њујорк Тајмс: Власта во Иран се префрла од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи на ИРГЦ