Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона

Од:

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.

Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се вра

– Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период – посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.

Нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.

Туристичката комора очекува позитивен одговор од грчките институции со цел обезбедување непречено движење на туристите и успешна реализација на претстојната летна сезона.

Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грци

Ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА). Повеќе од еден милион српски туристи, кои секое лето одат на одмор во Грција, се надеваат дека ќе ги избегнат километарските редици на граничните премини.

Грчката влада веќе одлучи дека британските граѓани нема да мора да поминуваат низ биометриски проверки при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски ЕЕС за да се избегне можниот метеж на границите и аеродромите. Грција минатата година ја посетиле речиси пет милиони британски туристи.

Би можело да ве интересира

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци

ЕЕС системот стапува во целосна примена во ЕУ

Од петок почнува целосната имплементација на системот за влез/излез на Европската унија

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција