Изгаснат пожарот во Липковско

Од:

Пожарот во липковскиот регион, во атарот меѓу селата Гошинце и Брест, во близина на акумулацијата Глажња, е целосно изгаснат, потврди заменик-директорот на „Македонски шуми“, Кире Михаилов, посочувајќи дека веќе нема опасност од негово повторно разгорување.

Пожарот, како што соопшти Михаилов, најпрво бил ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат. Тој информира дека екипите интервенирале до доцна во ноќта, при што било спречено неговото понатамошно ширење.

-Пожарот беше ставен под контрола уште вчера во ноќните часови, односно беше оневозможено неговото ширење. Утринава екипите на терен потврдија дека пожарот е целосно изгаснат и нема опасност од повторно разгорување, особено поради врнежите во тој регион – изјави Михаилов.

Тој додаде дека надлежните институции ќе постапуваат согласно законските обврски за утврдување на причините за пожарот и евентуална одговорност.

– По секој ваков настан институциите работат на утврдување вина. Доколку се утврди сторител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, со цел санкцијата да има и превентивен ефект – рече Михаилов.

Воедно, тој упати благодарност до граѓаните од околните населени места кои помогнале во гаснењето и навремено ја пријавиле појавата на пожарот.

– Сè повеќе граѓани реагираат навреме и алармираат кога ќе забележат вакви појави, што е од големо значење за заштита на природата и безбедноста на сите – додаде Михаилов.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Пожари кај селата Матејче и Стрима, ќе се гасне и од воздух

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он