Иранската делегација сè уште не отпатувала во Пакистан на преговори

Од:

Иранската државна телевизија објави на Телеграм дека „досега, ниедна делегација од Иран не отпатувала во Исламабад, ниту главната ниту помошната, ниту почетната ниту последователната“.

Во соопштението се отфрлаат, како што се наведува, „гласините“ за заминувањето или пристигнувањето на делегацијата и проценките за времето на нејзиното пристигнување објавени од „меѓународни медиуми и регионални извори“.

Во исто време, се повторува ставот на иранските претставници, вклучувајќи го и претседателот на парламентот и главен преговарач Мохамед Багер Галибаф, кој претходно изјави дека Техеран не прифаќа преговори „во сенка на закани“.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација