ВИДЕО: Иран бара ослободување на екипажот од запленетиот брод, Венс оди за Пакистан

Од:

Иран побара ослободување на екипажот откако американските сили запленија трговски брод под иранско знаме во текот на викендот.

Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека „остро го осудува“ она што го нарече „нелегален и брутален чин“ на американската војска, која го нападна „Туска“ во неделата.

Побара „итно ослободување“ на членовите на екипажот и нивните семејства и ги повика меѓународните организации, вклучително и ОН, да „преземат цврст и сериозен одговор“.

Техеран го пријави настанот кај генералниот секретар на ОН и кај Меѓународната поморска организација, наведувајќи дека тоа го крши меѓународното право и договорот за прекин на огнот, јавува Ал Џезира.

„Без сомнение, Исламската Република Иран ќе ги искористи сите свои капацитети за да ги брани своите национални интереси и безбедност и да ги заштити правата и достоинството на иранскиот народ. Јасно е дека САД носат целосна одговорност за понатамошно влошување на ситуацијата во регионот“, се вели во соопштението.

Централната команда на САД претходно објави фотографии за кои рече дека го покажуваат „Туска“, кој бил запленет откако „се обидел да ја прекрши американската поморска блокада“.

Доналд Трамп изјави дека американските сили ја презеле „целосната контрола“ врз бродот во Оманскиот Залив откако „направиле дупка во машинската просторија“.

Сето ова се случува во време кога останува неизвесноста околу тоа дали втората рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран ќе се одржи во Пакистан оваа недела.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, треба да отпатува во Исламабад како дел од американска делегација, но Иран сè уште не го потврдил своето учество. Сепак, висок пакистански функционер изјави за Ројтерс дека земјата добила „позитивен сигнал“ од Техеран за евентуално присуство на разговорите.

Би можело да ве интересира

Новата рунда преговори меѓу САД и Иран веројатно ќе биде утре

Трамп до Иран: Преговарајте или ќе се соочите со огромни проблеми

Ќе го натераме агресорот да се покае, нема преговори под принуда, порака од Иран

Катерина Ѓуровски

Иран тврди дека Ормутскиот теснец е под негова строга контрола

Иран: Никогаш нема да се откажеме од контролата врз Ормутскиот теснец

Пезешкијан: Нема од втората рунда на преговори, САД се однесуваат неразумно