Косовски државјанин осомничен за криминал во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело тешка кражба, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец.

На 18 април, повторно на ист начин се обидел да влезе во истиот маркет, но за кратко време бил забележан од случајни минувачи и вработени кои пријавиле во полиција.

Во конкретниот случај, како што велат од Обвинителството, постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особено затоа што осомничениот непријавено престојувал во државава, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он

Скопјанец „испумпал“ милиони од фирмата во која работел

Горан Наумовски

Уапсен е македонски државјанин во Србија – ограби пет обложувалници и пошта

А1он

Полицијата во Вараждин бара необичен крадец

Поднесено е обвинение за 19-годишник осомничен за неколку тешки кражби во Скопје

На дело е уапсен малолетен крадец од Прилеп