Зеленски: На Европа ѝ е потребен систем за антибалистичка одбрана

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа мора да развие свој систем за балистичка ракетна одбрана, велејќи дека Украина веќе преговара со неколку земји за негово воспоставување и дека таков систем би можел да се изгради во рок од една година.

– Верувам дека треба да имаме европски систем за антибалистичка ракетна одбрана. Веќе разговараме со неколку земји и работиме во оваа насока“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека целта е да се изгради таков систем во рок од една година. Зеленски оцени дека задачата е исклучително сложена, но остварлива, наведувајќи дека веќе разговарал за иницијативата со клучните европски земји, кои не ги именуваше.

Балистичката ракетна одбрана е еден од најголемите предизвици за Украина во војната со Русија, бидејќи само одредени видови ракети од американскиот систем „Патриот“ можат да пресретнат руски балистички ракети, пишува Ројтерс. Единствениот европски систем за антибалистичка ракетна одбрана, италијанско-францускиот SAMP/T, се произведува во релативно мали количини.

Во меѓувреме, „Фаер Поинт“, производителот на украинските крстосувачки ракети „Фламинго“, претходно овој месец изјави дека е во преговори со европски компании за лансирање на нов систем за воздушна одбрана до следната година како поевтина алтернатива на сè потешко набавениот систем „Патриот“. Снабдувањето со ракети „Патриот“ е сè поограничено поради нивната широка употреба во Персискиот Залив за одбрана од ирански напади.

Би можело да ве интересира

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?