ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Од:

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за рушење на уставниот поредок и злоупотреба на функцијата.

На прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ изјави дека Мицкоски, од позиција на премиер, се однесува како „обвинител и судија“, јавно најавувајќи кривични прогони и таргетирајќи луѓе од опозицијата и нивните семејства.

„Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој однапред нарачува судски процеси против неистомислениците. Ова претставува скандал од невидени размери и целосно уривање на правниот и уставниот поредок“, рече Димитријевиќ.

Според СДСМ, ваквите изјави се сигнал дека судството и обвинителството се претвораат во алатка за политичка одмазда, што, како што велат, е својствено за авторитарни режими.

Партијата информираше дека поднела кривична пријава против Мицкоски за злоупотреба на службената положба и овластување, повреда на рамноправноста на граѓаните и загрозување на сигурноста.

Од СДСМ побараа Јавното обвинителство веднаш да постапи по пријавата, да го повика премиерот на распит и да, како што наведоа, докаже дека никој не е над законите.

„СДСМ нема да се повлече пред заканите“, порача Димитријевиќ, додавајќи дека партијата ќе продолжи, како што рече, со борбата против криминалот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии за куќа и повисок студентски оброк, Мицкоски најавува нови мерки

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

(ВИДЕО) Рама: Случајот „Монструм“ треба да го решаваат институциите во Македонија, нема да се мешаме во внатрешните работи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%