Лула повторно удри по Трамп: „Тој нема право да станува наутро и да се заканува на некого“

Од:

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, познат како Лула, денес го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп, велејќи дека тој „нема право“ да им се заканува на други земји, пренесува АФП.

Коментарите на Лула дојдоа откако Трамп овој месец предупреди дека „целата цивилизација ќе умре“ во Иран ако Техеран не го отвори Ормутскиот теснец.

„Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на земја. Клучно е моќните лидери да преземат поголема одговорност за зачувување на мирот“, изјави бразилскиот лидер за шпанскиот весник Ел Паис, нагласувајќи дека според американскиот устав, претседателот ја дели одговорноста за војната и надворешната политика со Конгресот.

Левичарскиот претседател на Бразил и неговиот 79-годишен американски колега, десничарски популист, се судираат по голем број прашања, вклучувајќи го мултилатерализмот, меѓународната трговија и борбата против климатските промени, пишува АФП.

Односите меѓу Бразил и Вашингтон остануваат затегнати и покрај средбата меѓу двајцата претседатели минатата година, која доведе до мало ублажување на тензиите и намалување на царините.

Лула го повтори својот повик за реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучително и укинување на правото на вето на петте постојани членки на телото, како и вклучување на повеќе земји од Африка и Латинска Америка.

„Време е да се редефинираат Обединетите нации за да им се даде кредибилитет“, рече Лула, осврнувајќи се на критиките на американскиот претседател дека меѓународниот систем воспоставен по Втората светска војна повеќе не функционира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп ја отпушти Кејти Закарија, една недела откако ја назначи за портпарол на Белата куќа

А1он

Лукашенко до Трамп: Не одлучуваш ти, украинскиот народ ќе одлучи!

А1он

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он

Нова „плавуша“ влегува во „Белата куќа“ – Трамп ја назначи Кејти Закарија за портпарол

А1он

Трамп збесна поради добитникот на Нобеловата награда за мир: „Ова е срамота! Јас спасив милиони животи!“

А1он