Багеи: Бараме крај на војната и право на збогатување ураниум

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран влегол во разговорите со цел да го прекине конфликтот и да ги заштити своите права, вклучително и правото на збогатување ураниум, како и евентуално добивање воени репарации.

Багеи додаде, според Ал Џезира, дека размената на пораки со САД продолжува по враќањето на делегациите од Исламабад, но нагласи дека Иран не ги потврдува извештаите на западните медиуми за деталите од разговорите.

Кога станува збор за нуклеарната програма, Багеи нагласи дека Техеран може да разговара за нивото на збогатување ураниум, но дека нема да се откаже од тоа право.

Според него, Техеран денес би можел да прими делегација од Пакистан, која, како што изјави, „ги разгледува ставовите на двете страни“.

Зборувајќи за безбедносната состојба, портпаролот оцени дека, како што рече, „американско-ционистичките дејствија“ биле причина за прекините во поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Иран има нова мета

Иран нуди речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“