Саламех: Разговорите со Израел се прелиминарни

Од:

Либанскиот министер за култура, Гасан Саламех, денес изјави дека претстојните разговори меѓу израелскиот и либанскиот амбасадор во Вашингтон се „прелиминарен состанок“ со цел запирање на израелските напади врз Либан.

„Зборуваме за подготвителен состанок на амбасадорско ниво за да се постигне пауза во воените активности, ако не и прекин на огнот“, изјави тој за Ал Џезира.

Саламех рече дека двете страни ќе можат да разговараат за можни мировни преговори само со одреден степен на смиреност откако ќе престане израелското бомбардирање.

Тој додаде дека Либан веќе добил „некаков вид ветување дека треба да има деескалација“ во областа на Бејрут, иако „гаранциите се веројатно премногу силен збор“. Саламех призна дека Либан нема голема преговарачка моќ пред разговорите, но нагласи дека владата „се стреми да го воспостави авторитетот на државата“.

Зборувајќи за прашањето за разоружување на либанската милитантна група Хезболах, Саламех рече дека таков процес „бара време“ и не може да се спроведе за неколку часа или денови. Директните разговори меѓу Либан и Израел во Соединетите Американски Држави ќе бидат првпат по децении претставници од Либан и Израел, кои немаат дипломатски односи, да се сретнат лице в лице.

Би можело да ве интересира

Венс: Иран е сега на потег, понатамошниот развој на конфликтот на Блискиот Исток зависи од Техеран

„Економист“: Опасно коцкање на Доналд Трамп

Кина: Опасна и неодговорна е американската блокада на иранските пристаништа

Дедов: Вашингтон сè уште не сфати дека јазикот на сила не е ефикасен против Техеран

Аракчи ги обвинува прекумерните барања на САД за неуспехот на преговорите

Багеи: Иран ги натерал сите агресори да се покаат за своите постапки низ историјата