Аракчи ги обвинува прекумерните барања на САД за неуспехот на преговорите

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес, за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Бароу, изјави дека неуспехот да се постигне договор во преговорите меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, се должи на прекумерни барања и промени во позициите на Вашингтон.

– Исламската Република Иран, и покрај апсолутната недоверба кон американската страна, влезе во преговорите со одговорен пристап и добра волја. Иако е постигнат напредок во процесот на преговори по многу прашања, прекумерните барања на американската страна и постојаните промени во нивните барања го спречија постигнувањето договор, рече Аракчи, објави иранската новинска агенција Тасним.

Францускиот министер за надворешни работи ја повтори поддршката на неговата земја за дипломатски пристап кон прекинување на војната и изрази надеж дека продолжувањето на дијалогот ќе доведе до конечен договор.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски