Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Од:

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го уапсиле 43-годишниот И.Д. од Гевгелија, под сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што информира МВР, на 11 април 2026 година околу 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, на локалитетот „Шарен мост“, патничко возило „Фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д., излетало надвор од коловозот.

По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полицијата бил пронајден и приведен.

На местото на несреќата биле затекнати шест повредени мигранти од Египет. Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите пет лица, како и возачот, се здобиле со полесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски