ВИДЕО: Американците го нападнаа клучниот остров Харг, израелците погодија железнички мост во Иран

Од:

Островот Харг беше погоден, објави иранската новинска агенција Мехр.

Островот е клучен извозен центар за иранска нафта.

САД го бомбардираа островот претходно за време на војната, но Доналд Трамп потоа нагласи дека американските сили не ја допреле нафтената инфраструктура на Иран.

Трамп постојано се закануваше дека САД би можеле да ја преземат контролата врз островот за да ја контролираат иранската нафта.

Мехр известува и дека железничкиот мост Јахја Абад во градот Кашан, во централниот дел од земјата, бил погоден во израелски напад.

Агенцијата, повикувајќи се на заменик-гувернерот на Исфахан, наведува дека во нападот загинале две лица.

Нападот се случил откако израелската војска ги предупредила Иранците да не користат возови до 21 часот по локално време „заради сопствена безбедност“.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени