(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Од:

Владата ги информирала сојузниците во НАТО и Европската Унија за, како што тврди, обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на вчерашниот протест во Скопје, на кој студенти побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека присуството на опозициски активисти и високи функционери му дало политичка димензија на протестот.

„Вчера видовме голем број опозициски активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му политичка конотација. За тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да предизвика дестабилизација. Мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи претставници на меѓународната заедница“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на барањата на студентите, премиерот истакна дека тие треба да се разгледуваат во контекст на Уставот и меѓународните стандарди.

„Факт е дека Законот за употреба на јазиците е оспорен пред Уставниот суд, токму во делот што се однесува на правосудството и владеењето на правото. Исто така, имаме негативно мислење од Венецијанската комисија во однос на двојазичноста во правосудството, бидејќи немаме доволно ресурси за имплементација, а дополнително се поставува прашањето за гарантирање на владеењето на правото. Затоа тие препорачуваат враќање на решенијата од законот за јазици од 2008 или 2009 година“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека е формирана комисија составена од уставни експерти, која треба да предложи решение што ќе биде во согласност со Уставот и меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски