Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок

Од:

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.

– Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот, рече вицепремиерот Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на изградбата на првата делница од „Градскиот воз“.

Николоски најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

-Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа, рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика

А1он

Ги излажавте транспортерите обвини Тренчевска, вршиме притисок на Брисел објаснува Димитровски

Катерина Ѓуровски

Николоски уверува дека составот на Извршниот комитет ќе обезбеди успех на парламентарните, претседателските и локалните избори

Горан Наумовски

Николоски: Без мерки од ЕК, транспортниот сектор трпи штети

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци