(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Од:

Среде криза Владата на Мицкоски преку УЈП удри директно по џебот на младите и по студентите. Наместо поддршка, им испорачува нов товар – данок за тоа малку што самите го заработиле преку програмата „Work and Travel“. Наместо да ги мотивира, власта ги казнува младите што се трудат, работат и стекнуваат искуство, вели Петар Огњеновиќ – член на извршниот одбор на СДСМ.

– До парите на студентите им дојде криминалната ВМРО-ОКГ? Во време на економска криза, кога младите едвај се снаоѓаат и бараат начин да останат во државата, најмалку што треба да направи власта е да им помогне – а не да им зема. Бараме владата на Мицкоски веднаш да најде решение и целосно да ги ослободи студентите од овие плаќања, нагласува Огњеновиќ.

Би можело да ве интересира

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски