Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара изјави дека неговата земја ќе остане надвор од американско-израелската војна против Иран доколку Сирија не биде нападната.
– Доколку Сирија не биде цел на која било страна, Сирија ќе остане надвор од каков било конфликт, рече сирискиот претседател во говорот на настан организиран од аналитичкиот центар „Чатам Хаус“ во Лондон, објави Ројтерс.
Сириската армија претходно соопшти дека нејзините единици во понеделник одбиле голем број напади со беспилотни летала насочени кон нејзините воени бази во близина на ирачката граница.
