ФОТО: Подобри услови за децата со интелектуална попреченост, бараат родителите од Охрид

Од:

Објектот на Дневниот центар Зраци каде што се сместени 15 деца, со интелектуална попреченост во развојот, во Охрид е во лоша состојба.

Ѕидовите се испукани па им е потребна постојана поправка, во кујната нема одвод, објектот не е поврзан на интернет, па родителите и одговорните лица не можат да работат на аплицурање на проекти преку кои би обезбедиле дополнителни извори на финансирање.

zraci 1

Условите за работа во Дневниот центар не ги одразуваат потребите на овие лица бидејки просторот каде што се сместени е премногу мал.

„Не сме поврзани со интернњет, доколку имаме интернет ќе работиме на аплицирање на проекти. Објектот е во лоша сосотјба, кујната е без одвод, потребно е редовно одржување“, рече Охридеја Топенчарова, родител на дете со посебни потреби.

„Како родители сме загрижени за вработувањето на ангажираните лица односно на дефектологот и социјалниот работник кои 13 години се со нашите деца .До кога тие ќе издржуваат со 6.000 денари? Најважно ние е нивното вработување. Сакале некои или не ние ќе бидеме присутни во ова општество. Сами ние родителите си го финансираме центарот. Благодарни сме и на претходната локална самоуправа која ни го додели овој простор бидејки претходно работевме во просторија од 50м2 и што ни помогна да го опремиме“, рече Топенчарова.

zraci 2

„Од општината сега имаме континуирана најава за да ги решаваме проблемите, затоа што имало и ќе има проблеми.Треба да го решиме проблемот со набавка на храна бидејки родителите овде самите носат храна, а треба да се реши целосно проблемот и со вработувањето на лицата“, изјави друг родител.

„Ние како локална самоуправа ќе стоиме на располагање за да ги помагаме ваквите центри. Од вработените добивме список на неопходни потреби за да можат да работат и тие ќе ги обезбедиме од средства на локалната самоуправа.Ќе закажам средба и со министерот за труд и социјална политика за да обезбедиме подобро функционирање на центарот“, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид