Иран блиску до нови правила околу Ормуз, на бродовите на ЕУ ќе им биде забрането да минуваат

Од:

Комитетот за безбедност на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој се воведува систем на патарина за премин низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот на бродовите поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран.

Предлогот ќе биде доставен за дискусија и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС.

Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран во последните години ќе им биде забрането да минуваат низ стратешкиот воден пат. Бродовите од Европската Унија исто така ќе бидат опфатени, според Сари.

Преминот ќе се наплаќа во националната валута на Иран, ријалот, објави ФАРС, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на санкциите на САД, а воедно и давање целосна контрола на државата врз финансиските текови.

Овој потег сигнализира понатамошна ескалација со Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да го отвори теснецот, клучен пат за глобално снабдување со енергија, и се закани со драстични последици ако не го стори тоа.

Би можело да ве интересира

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он