Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

Од:

Кривична пријава е поднесена против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

-На 30.03.2026 ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И.Р.(27) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 30.03.2026 околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото, појаснија од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институт за судска медицина Скопје за обдукција.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он