Багеи: Иран е подготвeн за секое сценарио

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Емсаил Багеи, денес изјави дека Иран е подготвен да одговори на секаков напад, вклучително и евентуален копнен напад од страна на САД.

– Нашиот одговор ќе биде многу поширок од сè што виделе досега. Ние не бараме војна, но ако ни биде наметната, ќе ја браниме нашата земја, рече Багеи во интервју за американскиот новинар Мехди Хасан, објави Тасним.

Багеи се потсети на претходните американски напади врз Иран, наведувајќи дека тие се случиле за време на минатите преговори и дека биле нападнати двапати во последните девет месеци додека биле во тек дипломатските разговори.

Багеи рече дека ваквите напади не смеат да станат норма и дека иранските војници и народ се одлучни во својот одговор.

За време на интервјуто, Багеи ги отфрли тврдењата дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје, повторувајќи дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво мирна.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран