СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Од:

Две недели на Клиниката за онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак, обвини денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција.

Според неа, станува збор за сериозен проблем кој директно го загрозува здравјето на пациентите, бидејќи, како што рече, недостигаат основни терапии како „Фезго“, „Палбоциклиб“, „Рибоциклиб“ и други неопходни лекови без кои третманот не може да продолжи.

„Пациентите се оставени во неизвесност, страв и агонија, додека секој ден без терапија може да значи влошување на состојбата, компликации, па дури и загубен живот“, изјави Младеновска.

Од СДСМ ја обвинија Владата дека нема пари за лекови, но има средства за, како што велат, „сомнителни тендери“, посочувајќи на, според нив, нерамномерна распределба на јавни средства.

„Додека пациентите немаат лекови, има 161 тендер за една фирма, 51 за друга, девет милиони евра за фирма со двајца вработени и 1,2 милиони евра за фирма поврзана со ЗНАМ“, рече Младеновска.

Таа додаде дека здравствениот систем се соочува со сериозни проблеми, обвинувајќи ја Владата дека не обезбедува ниту основни услови за работа на здравствените работници, ниту доволно лекови за пациентите.

Од партијата побараа итна истрага за причините за недостигот на лекови и одговорност од сите инволвирани.

„Граѓаните не смеат да бидат жртви на политички и тендерски интереси“, порача Младеновска.

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните