Грците забрзано се вооружуваат

Од:

Грција одобри развој на систем за одбрана од ракети и беспилотни летала, наречен „Ахилов штит“, како и купување на 38 борбени авиони Ф-16, објавија медиумите во земјата.

Одлуката е донесена на состанок меѓу премиерот Киријакос Мицотакис, министерот за одбрана Никос Дендиас и министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис со претставници на армијата и крајбрежната стража, објави Прототема.

Вкупната вредност на двата проекта се проценува на околу четири милијарди евра. На состанокот се разговараше и за ситуацијата што произлезе од војната на Блискиот Исток, најновите случувања во Иран и потребите на Грција за вооружување.

Дендиас по состанокот изјави дека се донесени голем број исклучително важни одлуки во врска со одбраната на земјата од балистички ракети и беспилотни летала, како и за воздушната одбрана.

„Мислам дека со ова влегуваме во нова ера“, рече тој.

Дендиас се осврна и на модернизацијата на борбените авиони Ф-16 50, кои ќе бидат надградени на моделот Ф-16 Вајпер.

Тој истакна дека, со овие авиони и ловците „Рафал“ и „Ф-35“, „грчките воздухопловни сили ќе бидат меѓу најмоќните во Европа“.

На состанокот, исто така, беше одобрено продолжување на програмата за модернизација на фрегатата МЕКО, според која Грција ќе добие четири брода што можат да ги исполнат современите барања.

Би можело да ве интересира

Иран нападна неколку градови во Израел

Горан Наумовски

Стармер: Нема да одиме да војуваме со Иран, ова не е наша војна

Исламабад застана зад Техеран во обидите за стабилност

Израел: Нападнавме ракетни складишта и разни штабови на иранскиот режим

Медиуми: Ајатолахот Моџтаба Хамнеи се согласи да преговара со САД

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран