Според прелиминарните резултати од вториот круг од локалните избори во Франција, следниот градоначалник на Париз ќе биде кандидатот на Социјалистичката партија, Емануел Грегоар, со нешто над 50 проценти од гласовите, додека независната кандидатка Рашида Дати, поддржана од Републиканската партија, освои околу 41 процент од гласовите.
На третото место е кандидатката на Непобедливата Франција (LFI) Софија Чикиру со 7,9 проценти од гласовите, објавува Фигаро.
Грегоар се возел со изнајмен велосипед од компанијата „Велиб“ до Градското собрание на Париз за да ја преземе функцијата, велејќи дека сака да оддаде почит на „револуцијата во мобилноста што носи толку многу“.
