Војо Иванов, зоо-неговател во Зоолошката градина во Скопје објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмунчето Мики, кој ги доби по роденденската прослава.
„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша Иванов.
