Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Од:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека нема да дозволи цепкање на партијата и оти поранешниот градоначалник Петре Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека суштината на СДСМ е да се постигне и изгради консензус, да се изградат политики врз основа на мислења на многу луѓе, но и дека власта останува да ја дели СДСМ однатре.

– Јас и раководството тоа го правиме повеќе од една и пол година. Така било, така е и така ќе биде. И тоа е суштината во градење добри политики, да се сослуша секој еден, но некој да одработува за ВМРО – ДПМНЕ нема да го дозволам тоа. Вчера излезе изјава за некаква платформа и луѓе кои не сакаат да се потпишат. Кажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ била најголема партија и опозицијата раситнета, што може да се очекува од тоа и што може да е позадината освен да е пишувано во белата палата на ВМРО – ДПМНЕ и да се презентира како некаква платформа, рече Филипче.

Според него, вратите во СДСМ се отворени за сите, но не и за злонамерниците.

– Се што им останува е да не ситнат и да не делат, граѓаните тоа го препознаа дека немаат капацитет да ја водат државата. Немаат желба ни визија. Ниту една добра политика немаат спроведено, освен некои што останаа неспроведени од времето на владеење на СДСМ, истакна Филипче, дополнувајќи дека околностите за влез во Унијата се менуваат многу брзо и оти, како што рече, „ќе останеме слепо црево во Европа“.

Во однос на прашањето за „сомнително работење на гувернерот на НБРМ Трајко Славески“, Филипче посочи дека тоа прво треба да се истражи, да се утврди и да се постапи согласно утврденото.

Ако има прекршување соодветно да се санкционира. Нека реагираат институциите. Ние апелираме и ги повикуваме институциите за повеќе предмети, но до сега нема апсолутно никаква реакција. Од Обвинителството нема никаква реакција. Но, што да се очекува од гувернерот. Човекот што е против растот на минималната плата, беше претседавач на Советот на Град Скопје, кога намерно се блокираа градските институции, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната