(ВИДЕО) Барса со стил оди во четвртфинале, Њукасл со седум гола во мрежа се враќа во Англија

Од:

Фудбалерите на Барселона покажаа вистинска моќ. Каталонците го победија Њукасл со 7:2 и со тоа се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Вистинско фудбалско уживање беше видено вечерва во Барселона. Дожд од голови, добар и брз фудбал – сè што му е потребно на вистински љубител на најважното споредна работа во светот.

Започна фуриозно.

Барса двапати поведе, Њукасл двапати се враќаше.

Рафиња постигна гол во шестата минута за да им даде предност на домашните, но многу брзо Еланга возврати.

Потоа Бернал го повтори водството на Каталонците, а потоа пак Еланга израмни.

Сепак, Ламин Јамал ​​се погрижи Барселона да оди на полувреме со водство во судиското продолжение и тоа од пенал – 3:2.

Второто полувреме и сосема поинаква приказна.

Катаклизмата на Њукасл или рапсодија на Барселона, во зависност од тоа кој како гледа на работите.

Барса постигна дури четири гола.

Погодија Фермин, Левандовски двапати и Рафиња повторно.

Њукасл изгледаше целосно соборено. Тимот на Еди Хау не знаеше каде се наоѓа во одредени моменти и се чинеше дека Барса ќе постигне гол кога ќе посака.

Доминантна игра на „Блауграната“ за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Младиот фудбалер на Барселона отпишан за Мундијалот: „Штети на атмосферата во тимот“

А1он

Голем удар за Шпанија – ѕвездата на Барселона го пропушта Мундијалот

А1он

Ханси Флик: Ќе го паметам овој ден додека сум жив!

А1он

Се лади шампањот во Каталонија – Барса го искористи киксот на Реал и е на чекор до титулата

А1он

Левандовски си оди од Барселона – избира помеѓу Милан и Јувентус

А1он

Ова се двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите