ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи владата на премиерот Мицкоски свесно ја оддалечува државата од европскиот пат и ја турка во изолација, а зад лажниот патриотизам се кријат исклучиво бизнис интереси. Филипче укажа дека преку енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите се воспоставува систем на поврзаност со одредени бизнис интереси.

„Во енергетиката преку проекти кои се најавуваат а компаниите водат директно до луѓе пријатели на премиерот Орбан. Преку инфраструктурните проекти коишто исто така водат само до Будимпешта, преку медиумите, контролата на телекомуникацискиот систем откако унгарската компанија „Фор-ај-џи“ зема лиценца сега ова е уште еден нов сегмент. Во каква држава планираат да ја претворат Македонија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – силно корумпирана и криминална.Затоа ние планираме сериозни политички активности да ги разобличиме овие лажни патриотски политики на ВМРО поради тоа што зад лажниот патриотизам се крие само бизнис интереси и ништо друго“, рече Филипче.

Воедно, тој додаде дека нема никаков напредок на евроинтеграцискиот процес, што јасно се гледа и од изјавите на премиерот Мицкоски.

“Премиерот јасно кажа дека нема да се направи чекор напред кон Европската Унија. Тоа значи дека нашите граѓани после децении и децении чекање сега кога се е многу извесно, кога проширувањето на Европската Унија станува еден од приоритетите на Европската Унија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат сами да го запрат европскиот пат, да им го забранат пристапот на нашите граѓани на единствениот пазар од 500 милиони луѓе, да го ограничат слободното движење низ европските земји, ги тераат луѓето да вадат бугарски пасоши од егзистенцијални и економски причини“, рече Филипче.

Притоа Филипче посочи дека за ваквата владина политика има сериозни предупредувања и од европските институции.

„Еврокомесарската Марта Кос изјави дека нема место за нови членки на кои Русија и други имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. И тоа е многу сериозна и силна порака. После предупредувањето дека овде владее српскиот свет во извештајот на Европскиот парламент ова нова ваква порака. Во извештајот на известувачот Томас Вајц од европарламентот нема напредок во клучните области владеење на право, реформи во правосудство, борба против корупција и криминал“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни