Израел започна „ограничени“ копнени операции во јужен Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнаа „ограничени и насочени копнени операции против клучните упоришта на Хезболах“ во јужен Либан. Информацијата беше објавена во соопштение на социјалната мрежа Телеграм.

ИДФ соопшти дека на влегувањето на трупите во јужен Либан му претходеле напади „против бројни терористички цели“ во областа. Операцијата, велат тие, има за цел „зајакнување на напредната одбранбена зона“ и „демонтирање на терористичката инфраструктура“ во регионот.

ИДФ соопшти дека ќе продолжи да „дејствува решително“ против Хезболах.

Би можело да ве интересира

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

Салам: Враќањето на животот на југот од Либан е национална цел

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата