ВИДЕО: Доларот зајакна, цената на нафтата повисока за 35%

Од:

На светските пазари, доларот зајакна во однос на кошничката валути минатата недела, по втор пат по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот.

Индексот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за 1,6 проценти минатата недела, на 100,49 поени.

Во исто време, доларот зајакна за 1,7 проценти во однос на европската валута, што предизвика еврото да се лизне на 1,1415 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,2 проценти, што предизвика доларот да достигне 159,70 јени.

Инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции бидејќи цените на нафтата скокнаа за повеќе од 35 проценти во последните две недели, откако започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп со денови изјавува дека САД и Израел победиле, кризата на Блискиот Исток не се смирува. Иран продолжува да го ракетира Израел и соседните земји и ги блокира танкерите да минуваат низ Ормутскиот теснец, што го потресе пазарот на нафта.

Силниот и продолжен пораст на цените на нафтата би можел да има многу негативно влијание врз економиите на еврозоната и Јапонија, кои се во голема мера зависни од увозот на нафта, додека американската економија би можела да се справи малку подобро бидејќи САД се нето извозник на нафта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Галибаф: Правилата на играта се променети – Иран ќе возвраќа посилно

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач, бродовите го напуштија подрачјето

Горан Наумовски