Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Од:

Светските економии мора да се подготват за незамисливи шокови, предупреди денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, коментирајќи ја војната на Блискиот Исток.

„Доколку конфликтот продолжи, јасно е дека може да влијае на расположението на пазарот, растот и инфлацијата и да создаде нови барања за креаторите на монетарната политика“, рече Георгиева на симпозиум во Токио.

Според неа, економските шокови би можеле да следат дури и по завршувањето на конфликтот, па затоа е потребно постојано да се биде подготвен, објавува Блумберг.

„Во новата глобална средина, размислете за незамисливото и подгответе се за тоа“, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд.

Георгиева истакна дека потрајното зголемување на цените на енергијата од 10 проценти во текот на една година би ја зголемило глобалната инфлација за 40 базични поени и би го забавило економскиот раст. Таа препорача државите да инвестираат во силни институции и политики што поддржуваат отпорна економија и раст предводен од приватниот сектор, како и да го користат расположливиот простор за интервенција кога е потребно.

Георгиева додаде дека Јапонија, која зависи од Блискиот Исток за околу 90 проценти од своите потреби за нафта, сега чувствува дополнителен ризик од стагфлација поради порастот на цените на нафтата и слабиот јен, што би можело да ја принуди владата во Токио да ги зголеми фискалните трошоци.

„Вие ги контролирате вашите домашни политики. Подгответе ја вашата економија да се соочи со овие шокови што е можно подобро“, изјави таа.

Би можело да ве интересира

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

Во текот на следната недела се очекува силна промена на цените на нафтата во светот

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците

БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик