Мелони: Италија нема да учествува во конфликт меѓу САД, Израел и Иран

Од:

Премиерката Џорџа Мелони изјави дека Италија нема намера да учествува во евентуален конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна, нагласувајќи дека владата работи на намалување на тензиите, заштита на граѓаните и продолжување на дипломатскиот дијалог во регионот.

Иако Италија испрати фрегата во водите на Кипар за да ги заштити границите на ЕУ, таа не е страна во конфликтот и се стреми да ги намали тензиите и да го продолжи дијалогот со сите земји во регионот, рече премиерката.

– Нашиот став е многу јасен: Италија не е дел од конфликтот и нема намера да стане. Работиме, колку што е можно повеќе, на намалување на тензиите и проценуваме дали сè уште постои можност за продолжување на преговорите. Во меѓувреме, продолжуваме да водиме дијалог со сите земји во регионот и да им помагаме на нашите сонародници кои сè уште се присутни во областа, рече Мелони..

Според неа, Италија е во постојан контакт со претставници од Франција, Германија и Обединетото Кралство, со цел да дејствува на координиран начин и да спречи понатамошна ескалација на ситуацијата и да ги зајакне дипломатските иницијативи.

„Со францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Мерц и британскиот премиер Стармер, ја споделивме потребата да работиме заедно за да избегнеме понатамошна ескалација колку што е можно повеќе и да придонесеме за меѓународната стабилност“, додаде италијанскиот премиер.

Во врска со зголемувањето на цените на горивата, Мелони нагласи дека владата размислува за активирање на механизмот „мобилна акциза“, кој користи дел од зголемената стапка на ДДВ за намалување на акцизите, со цел ублажување на последиците за граѓаните.

Мелони додаде дека „постојано ги следи“ случувањата со надлежните министри и дека владата „неуморно работи на заштита на безбедноста на нашите граѓани“ и ги штити интересите на Италија.

„Секако е тешко време. Но, владата е посветена на заштитата на безбедноста на Италија, посветена на заштитата на безбедноста на нејзините граѓани, посветена на поддршка на секоја иницијатива насочена кон постигнување мир“, рече Мелони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски