Трамп: Паxлави не е решение, на Иран му треба лидер од внатрешноста

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не го смета прогонетиот ирански престолонаследник Реза Палави за сериозен кандидат за преземање на водството во Иран по елиминацијата на врховниот лидер Али Хамнеи.

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека неговата администрација не разгледувала длабински сценарио во кое Паxлавиби имал клучна улога во идната власт во Техеран. Наместо тоа, тој оцени дека „некој од внатрешноста“ на Иран би можел да биде посоодветен избор, доколку постои личност со доволна поддршка во земјата.

Трамп наведе дека дел од иранските функционери кои биле разгледувани како потенцијални лидери загинаа во американско-израелската воена кампања, во која, според неговите зборови, е убиен и Хамнеи.

„Повеќето од луѓето што ги имавме на ум се мртви“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата е динамична и неизвесна.

Трамп нагласи дека сака да се избегне сценарио во кое на власт би дошол лидер „подеднакво лош како претходниот“, оценувајќи дека секоја транзиција мора да доведе до суштинска промена, а не само до формална замена на врвот на власта.

Изјавите беа дадени за време на средбата на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц, што претставуваше негов прв личен ангажман со странски лидер по почетокот на воените дејствија против Иран.

Би можело да ве интересира

Нов, масовен напад на Техеран, засега не се знае дали има жртви

Израел најавува: Mета ни е и наследникот на Али Хамнеи

Горан Наумовски

Кој е новиот врховен лидер на Иран: Синот на убиениот Хамнеи e на престолот, има пристап до швајцарските сметки

Карни: Војната на САД и Израел со Иран е неуспех на меѓународниот поредок

Горан Наумовски

Избран е новиот врховен лидер на Иран

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи