(ВИДЕО) Огромни „столбови“ на чад во близина на Техеран

Од:

Геолоцираните снимки на CNN покажуваат чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран. Снимките покажуваат експлозии и најмалку три облаци чад што се издигаат од планинска област.

Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр. Напади беа пријавени и во Кангавар на западот од земјата и во Шираз, град во југо-централен Иран.

– Уништивме стотици балистички ракети и гледаме дека нивните системи за истрелување се забавуваат, изјави портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, на брифинг со новинарите и додаде „ја намаливме нивната способност да истрелуваат ракети кон нас и кон регионот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН