Според извори на А1он, мајка и дете се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје.
Екипи на Брза помош упатени се на местото каде се случи немилиот настан.
Од МВР за А1он потврдија дека околу 14.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од балкон во зграда во скопската населба Карпош скокнала мајка со дете. Идентитетот на жртвите засега не е познат, а увидни екипи на полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

Неофицијално, причина се несредени семејни односи и вршење семејно насилство врз жената. Сопругот бил дома кога се случил падот, веднаш се симнал долу, па почнал да трча по булеварот. Од него полицијата зеде изјава, по што ќе утврдува што точно се случило. Повеќе пати жената пријавувала семејно насилство, а честопати во помош и приоѓале соседите кои морале физички да се пресметуваат со сопругот.
