Хезболах влегува во војна: Ќе ја преземеме нашата должност во соочувањето со агресијата

Од:

Проиранскиот Хезболах објави дека ќе влезе во војна и ќе се соочи со САД и Израел поради нивните напади врз Иран, главниот спонзор на милитантната организација.

– Ќе ја преземеме нашата должност во соочувањето со агресијата, изјави лидерот на Хезболах, Наим Касем, додавајќи дека неговото движење нема да го напушти „полето на честа и отпорот“, објави „Тајмс оф Израел“.

Милитантната група не презеде никакви конкретни дејствија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран. Исто така, не интервенираше за време на јунската војна меѓу Израел и Иран.

Хезболах организираше собир на илјадници луѓе во своето упориште во јужните предградија на Бејрут во знак на поддршка за Иран, додека либанските власти стравуваат дека би можел да се приклучи на конфликтот.

Либанскиот претседател Џозеф Аун, по вонредниот состанок на Врховниот совет за одбрана, изјави дека „одлуката за војна и мир припаѓа исклучиво на либанската држава“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека сирените за воздушен напад се огласиле во неколку области на северен Израел откако ракетата била лансирана од Либан. Деталите за лансирањето моментално се разгледуваат. Ова е прв пат Хезболах да испали ракети врз Израел од крајот на минатогодишниот конфликт на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колку далеку можат да стигнат иранските ракети

Катерина Ѓуровски

Аракчи: Нов врховен лидер би можел да биде избран за неколку дена

Најмалку 31 убиен во израелските напади врз Либан

Кац: Насралах е следна цел за елиминација, „наскоро ќе се најде во длабочините на пеколот“

Повеќе од 20.000 патници заглавени во ОАЕ

Лариџани: Трамп го турна Блискиот Исток во хаос со своите фантазии и заблуди