ВИДЕО: Нов бран ирански напади, погоден Абу Даби

Од:

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот.

Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погодило областа.

На снимката може да се види чад над пристаништето, додека жителите пријавиле дека слушнале авиони над градот.

Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат под сегашните околности.

Во писмото, тие наведуваат дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.

Има извештаи за нови експлозии што се слушнале во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати, објави Ал Џезира.

Иран ја нападна и Саудиска Арабија, жителите на Ријад слушнале екплозии. Саудиска Арабија не е меѓу земјите кои дозволија нејзината територија да се користи за нападите врз Иран. Според последните информации принцот наредил одговор на нападите од Иран.

Би можело да ве интересира

САД: Ирански хакери украле 31,5 терабајти податоци од универзитети и компании

Иран ја губи контролата врз Ормутскиот теснец

Иран најави договор со Оман за безбеден премин на бродовите низ Ормутскиот теснец

Лошо расположение и исцрпеност кај американските војници поради војната со Иран

Нови тензии на Блискиот Исток: Погоден е брод во Ормутскиот теснец, нафтата одма поскапе

Пезешкијан: Трпението и солидарноста се темелите на отпорноста на Иран