Убиен е шефот на иранската војска

Од:

Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили, Абдолрахим Мусави, е убиен во напади врз Иран.

Мусави беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти кои наводно беа цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.

Токму Мусави беше тој што пред пет дена, во име на иранската влада, им се закани на САД – најострата закана досега.

„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.

Би можело да ве интересира

Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Конфликт во врвот на израелската армија: Министерот за одбрана го смени клучниот командант

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман

Израел нема да се повлече од Појасот Газа