Израелските напади врз Иран се насочени кон клучни државни и воени цели

Од:

Израелската телевизиска станица Канал 12 објави дека претходните напади на Израел врз Иран биле насочени кон домовите на министрите и воените началници, објектите на Министерството за одбрана, разузнавачките служби, како и претседателскиот објект.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, конкретните цели сè уште не се целосно потврдени од официјални извори.

Паралелно со израелските и американските напади врз Иран, земјата беше погодена од бран кибер напади, објавува полуофицијалната агенција Фарс.

Агенцијата наведува дека цел на напади биле неколку големи ирански новински агенции, кои „претрпеле сериозни прекини во нивната работа“, како и дека биле забележани проблеми и во функционирањето на некои широко користени мобилни апликации, објавува „Тајмс оф Израел“.

Ројтерс објави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е префрлен на безбедна локација. Мобилните телефонски врски се прекинати во Техеран, а интернетот е делумно прекинат.

Техеран го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, како и Израел.

Би можело да ве интересира

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп