Сè што досега кажаа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Театарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна процена дадена од МВР и АНБ. Не бил безбеден и затоа морало да одредат куќен притвор, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска.
Истиот ден директорот на затворот во Шуто Оризари, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатира Обвинителството. Според него, ниту АНБ ниту МВР не дошло и не направило процена. Мицкоски вчера јавно на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.
Сега излегуваат информации дека странски служби јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна процена воопшто не била направена од АНБ и МВР. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба? Aко нема процена од АНБ и МВР, како Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема процена од АНБ и МВР, како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“. Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани? Циркус.
Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено. Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот што го направиле. Претстава на граница, доаѓање со очила, со насмевка, само уште црвен килим недостигаше.
Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40 % од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан. Одредувањето куќен притвор од Обвинителството и судството по контрола на ВМРО-ОКГ. Има, па нема безбедносна проценка. Дале процена АНБ и МВР, па не дале.
Сега странски служби. Недостигаат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано, како што велеше Гордана Јанкуловска. Ова, почитувани, го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар. Мицкоски првин разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави Обвинителството. Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40 % од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со Обвинителството? Сè е договорено. Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се. Имаме чувство, Мицкоски, изјави Кузеска.
