Британските команданти предупредуваат на пребрзото повлекување од Авганистан

Од:

Британските воени команданти го предупредиле премиерот Дејвид Камерон да не избрзува со решението за повлекување на сојузничките сили од Авганистан, затоа што тоа може да создаде терен за враќање на Ал Каеда на нејзините некогашни позиции.

Според извори од британската команда, на кои се повикува „Сандеј Телеграф“, планот со кој веќе следната година треба да им се предаде контролата за безбедноста на авганистанските сили би требало да се видоизмени.

Со планот на НАТО е предвидено одговорноста за безбедноста да почне да им се предава на Авганистанците веќе од средината на идната година, а сите странски сили да се повлечат од борбените операции до крајот на 2014 година.

Со овој план сегашниот број од девет илјади британски војници, од јуни 2013 година ќе биде значително намален. По 2014 година во Авганистан ќе останат само мал број војници од Велика Британија, главно како советници на авганистанската армија.

Британските команданти меѓутоа тврдат дека авганистанските војници и локалните безбедносни сили се уште не се подготвени да ја преземат одговорноста за безебеднста на Авганистан.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан