САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обнови својата нуклеарна програма откако САД и нивните сојузници ги нападнаа иранските нуклеарни постројки во јуни минатата година, изјави денес американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.
„Принципот е многу едноставен. Иран не може да има нуклеарно оружје“, рече Венс еден ден пред разговорите меѓу Иран и САД во Женева, објави Ројтерс.
Венс претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште претпочита дипломатско решение со Иран. Венс изјави за Фокс њуз дека Трамп се надева дека Иранците ќе го сфатат тоа сериозно на утрешните разговори.
САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обнови својата нуклеарна програма откако САД и нивните сојузници ги нападнаа иранските нуклеарни постројки во јуни минатата година, изјави денес американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.
„Принципот е многу едноставен. Иран не може да има нуклеарно оружје“, рече Венс еден ден пред разговорите меѓу Иран и САД во Женева, објави Ројтерс.
Венс претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште претпочита дипломатско решение со Иран. Венс за „Фокс њуз“ изјави дека Трамп се надева дека Иранците ќе го сфатат тоа сериозно на утрешните разговори.
„Претседателот беше кристално јасен, најјасен што можеше да биде, Иран не може да има нуклеарно оружје…
Тој ќе се обиде да го постигне тоа преку дипломатија“, рече Венс. Следната рунда разговори меѓу иранските и американските претставници е закажана за утре во Женева, а се очекува специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер, да се сретнат со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за да разговараат за деталниот предлог на Иран за нуклеарен договор.
Претходната рунда разговори меѓу САД и Иран се одржа во Женева на 17 февруари, исто така со посредство на Оман, по што ниту една страна не издаде соопштение, пренесува Танјуг. Разговорите се однесуваат на нуклеарната програма на Иран, а Трамп постојано предупредува дека ќе употреби воена сила доколку не се најде дипломатско решение.
