Хезболах: Нема да се мешаме ако САД извршат „ограничен“ напад врз Иран

Од:

Претставник на либанската милитантна група Хезболах денес изјави дека движењето нема да интервенира воено доколку САД извршат ограничени напади врз Иран, но предупреди дека секој напад врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, или обид за соборување на иранскиот режим би бил „црвена линија“.

Ал Џезира објави дека претставникот, кој зборуваше под услов на анонимност, рекол дека „ставот на Хезболах не е да интервенира воено доколку американските напади врз Иран се ограничени“, но додаде дека „доколку целта е соборување на иранскиот режим или напад врз ајатолахот Хамнеи, Хезболах би интервенирал“.

Тој нагласи дека нападот врз Хамнеи би бил „црвена линија што не може да се игнорира“, додавајќи дека војната насочена кон соборување на иранскиот режим би значела дека Израел веднаш би започнал војна против Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Цените на нафтата експлодираа, највисоки од 2022 година

Катерина Ѓуровски

САД воведоа санкции против 35 поединци и организации поради помагање на Иран

„Волстрит журнал“: САД се подготвуваат на долгорочна блокада на Иран

„Врие“ во Иран: Црвените политички линии се преминати

Шефот на Мосад: Дојдовме до „јадрото“ на тајните на Иран и Хезболах

Аракчи: Се зајакна алијансата Иран-Русија, сега е многу посилна