(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Од:

Минималната плата не е само бројка, туку прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали ќе има доволно храна до крајот на месецот. Денес зборуваме за тема што не е само бројка на хартија, туку реалност за илјадници семејства. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот континуирано растат, а истовремено синдикатите предупредуваат дека ниту три минимални плати не ја покриваат синдикалната кошница, посочи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница.

Тој укажа дека минималната плата мора да обезбеди минимум достоинство за живот. Ако работникот работи полно работно време, а останува сиромашен, тогаш системот не функционира.

„Држава во која работник што работи полно работно време, а не може да живее од сопствената плата, е држава која потфрла во својата основна социјална функција. Висината на минималната плата, динамиката на растот и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата кај вработените, намалувањето на нееднаквостите и обезбедување на достоинствени услови за работа“, појасни Цветков.

Во 2026 година, за еден месец, синдикалната кошница се зголемила за 1.000 денари. Во однос на февруари 2025 година, синдикалната кошница се зголеми за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година за скоро 30.000 денари.

„Затоа минималната плата мора да се усогласува автоматски со трошоците за живот и просечната плата за да обезбеди барем минимум достоинство кај работникот. Наместо политички калкулации на власта, треба да донесеме одлука што ќе биде вистинска поддршка за работникот и за неговата егзистенција“, заклучи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот, не само бројка

На собраниска комисија не помина Предлог-законот за минималната плата

(ВИДЕО) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците