Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Од:

Обвинителството се заплетка со одлуката за куќен притвор за Артан Груби, со што се потврдија сомнежите дека постои политички договор, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.

Според неа, „политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби е веќе јасен за сите“, а јавноста, како што рече, сведочи на „договорено сценарио“.

Кузеска посочи дека целиот процес бил проследен со, како што наведе, „режирана претстава – од појавувањето на граница, преку медиумското покривање, до одлуката за куќен притвор“.

„Обвинителството, обидувајќи се да се испере од скандалозната одлука, директно го закопа Христијан Мицкоски“, изјави Кузеска.

Таа се повика на вчерашното соопштение од Обвинителството, според кое МВР и Агенцијата за национална безбедност дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во затворот „Шутка“, па затоа бил предложен куќен притвор.

Но, истакна Кузеска, директорот на затворот „Шутка“, Бобан Утковски, истиот ден ги демантирал овие наводи, велејќи дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле до затворот за мислење за безбедноста.

„Епа како тогаш е донесена таква одлука во Обвинителството?“, праша Кузеска, оценувајќи дека ова е „потврда дека јавноста се лаже“.

Според СДСМ, случајот покажува дека обвинителството и судството се под политичко влијание на власта.

Кузеска ги посочи и имињата на обвинителите вклучени во предметот, наведувајќи дека предметен обвинител е Даниел Коцев, додека раководител на Скопското обвинителство е Анел Фидоски, избран во јануари годинава.

„Можеби ваквите сценарија поминуваа порано, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, порача Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски