Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Од:

Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3 степени, по што следуваат со – 2 Скопје-Петровец и со -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.

о Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 0 степени, Скопје-Зајчев Рид, 1, Mаврови Анови, 2, Kрушево и Виница 3, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 91 сантиметар.

УХМР за деенска најави променливо облачно време со сончеви периоди.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Би можело да ве интересира

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски