Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

Од:

Над 19.000 домаќинства во североисточна Словенија се без електрична енергија поради дефекти на енергетската мрежа предизвикани од обилните снежни врнежи што започнаа вчера.

РТВ Словенија објави дека екипи од целата земја се на терен за да ги решат проблемите со снабдувањето со електрична енергија.

Се очекува словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска да го посети Марибор за да се сретне со претставници на компанијата Електро Марибор и на цивилната заштита, за да утврди ситуацијата на терен.

Вчерашните снежни врнежи во североисточниот дел од земјата доведоа до прекини на електрична енергија за околу 40.000 домаќинства снабдувани од Електро Марибор и околу 8.000 домаќинства снабдувани од Електро Целје.

Се очекува околу 19.000 домаќинства што моментално немаат електрична енергија да останат без струја и во наредните денови.

Службеници од цивилната заштита соопштија дека со оглед на неизвесноста околу тоа кога целосно ќе се нормализира снабдувањето со струја, подготвени се генератори за итни случаи, а воедно упатија и повик до погодените да побараат привремено сместување кај роднини или пријатели

Би можело да ве интересира

Словенија се подготвува да забрани користење на социјални мрежи за помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Најмалку седумина загинат во зимската бура во САД, речиси милион домови се без струја

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

Во Словенија промовирана монографијата „80 години македонска азбука“

Телото на Стефанија пронајдено во куфер закопан во шума во Словенија, нејзиното поранешно момче призна сè