Во Олимпиското село би требало да важи златното правило дека сите се еднакви. А Јусеин Болт, па тој е прв меѓу еднаквите.
Британски репортер се обидел во чекор да го следи “најбрзиот човек на светот“ во текот на еден ден низ Олимпиското село, сместено во источен Лондон.
Тој е сосема едноставен, облечен во фармерки, безбол капа свртена наопаку, и дуксер во боите на родната Јамајка.
Тој е толку “голем“ што дури и неговите колеги олимпијци го поздравуваат кога ќе влезе во кантината каде се служи јадење.
Новинарот забележува дека не е само фарса изјавата на Болт дека го освои златото и го урна светскиот рекорд во Пекинг во 2008 година на диета делумно составена од похавани пилешки грутки.
Напротив најбрзиот човек на светот веднаш се упатува кон делот каде се служи скара. По лежерниот ручек кој траел околу еден час репортерот забележува дека целата група на спортисти од Јамајка оди на церемонијата за пречек во олимпиското село.
На прашањето: Како беше на храна, Јусаин? Тој не одговара, но Кемар Бејли-Кол, тимски колега во 4×100 штафета, ги подава палците нагоре. ‘ Нешто од тоа беше во ред”, одговара тој.
Зое Смит 18-годишна дигачка на тегови од Британија била шокирана од неговата непосрендост и присутност во кантината.
”Но, јас не одам да му пријдам и да му дозволам да знае колку сум негов голем обожавател’, вели срамежливо оваа олимпијка.
Лондон 2012 се првите олимписки игри на Смит. По случајната средба со Болт таа ги сумираше своите впечатоци: ‘ Тоа е малку како да сум во сон”.
Ани Пантер, дел од хокеј тимот на Британија со воодушевување изјавила дека Болт се однесувал буквално како и секој друг спортист, а не како најголемата атлетска ѕвезда на денешнината.
„Тој се однесува како и секој атлетичар, кој се подготвува за неговиот настап“, изјавила Пантер.
Но додека Болт се труди да биде како и сите други, многу од олимпијците кон него се однесуваат со посебена “почит“.
Има такви кои гласно навиваат за него кога ќе го видат, па дури и некој кои му приоѓаат да побараат автограм и фотографија со него. Дека тој не е само “шегаџија“ и насмеан на стазата, сведочат и новинарите кои велат дека тој и неговите колеги од тимот, постојано се заедно и гласно викаат и се шегуваат додека се движат низ Олимпиското село.