Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Од:

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола поднела кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира Министерството за внатрешни работи.

– Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование, посочуваат од Министерството.

На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата.

-На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он

Кривична за директор и раководител во ЈКП „Брегалница“ – Делчево, го оштетија претпријатието за над 7,5 милиони денари

А1он

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани